ВИДЕО: РУСИЈА објави докази дека Турција шверцува нафта со Исламска држава!


Руското Министерство за одбрана тврди дека раководството на Турција, вклучувајќи го претседателот Ердоган и неговото семејство, се вклучени во системот за незаконска испорака на нафта од сириските нафтени полиња кои ги заземале џихадистите. На прес конференција на министерството во Москва се изнесени овие тврдења.isis-russia-putin-iii

-Русија знае за три траси по кои се криумчари нафта од Сирија во Турција. Водачите на бандите и турската елита крадат нафта во Сирија во големи количини-речено е на брифингот.

Министерството за одбрана на Русија претстави докази за финансирање на терористите на Исламската држава во Сирија и наведуваат дека Турција е главен потрошувач на нафта од терористите и дека годишните приходи на ИСИС од продажба на нафта изнесуваат околу 2 милијарди долари.bilal erdogan

Брифингот на тема „Вооружени сили на Руската Федерација во борба со меѓународниот тероризам. Нови податоци“, се одржа за претставниците на руски и странски медиуми а го следеле повеќе од 300 новинари. Прикажани се и фотографии од колони со танкери на Исламска држава на турско-сириската граница.

-После преминувањето на сириската граница со Турција танкерите со нафта одат во пристаништето откаде се префрлуваат во трети земји. Оа почетокот на руската операција во Сирија бројот на танкери на ИСИС значајно се намали но не забележуваме дека Американците ги гаѓаат танкерите-речено е на пресот во Москва.

Сергеј Рудоској, началник на главната оперативна управа на Генералштабот на руската војска рекол дека во последните два месеци со руските воздушни удари се уништени 32 објекти на ДАЕШ (Исламска држава) за производство на нафта и 11 рафинерии.

Приходите од продажбата на нафта заминуваат, не само за богатење на турското раководство, туку и на вооружување на милитантите во Сирија. Русија најави дека ќе продолжи да ги бомбардира нафтените цели на ИД.

Еден од големите центри за експлоатација на нафта е градот Деир ел Зор. Правецот за испорака води од источна Сирија до Турција. И завршува во рафинеријата Батман во Турција-истакнал Рудској.

Русија ја повикува Турција да дозволи пристап до местата каде според податоците на Москва се наоѓаат центрите за криумчарење на нафта од ИД.

Анатолиј Антонов, заменик министер за одбрана рекол за финансирањето на терористите дека тие прикажале докази за тоа како се одвива нелегалната трговија со нафта како би се финансирале терористичките групи , па ако мислат дека сите овие докази се лажни нека им овозможат пристап на новинарите до овие области.isis pari nafta

На брифингот е речено и дека ударите на руската авијација дупло ги намалиле доходите на ДАЕШ и дека Турција долго врши префрлување на милитанти во Сирија наоружување за нив. Русија тврди дека ќе продолжи да изнесува „докази за турскиот грабеж на своите соседи“.

Министерството за одбрана на Русија истакнало дека знаат колку вреди зборот на претседателот на Турција и дека исто така знаат дека Ердоган нема да ја признае вината, дури и неговото лице да биде намачкано со крадена нафта.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1