Русија употреби ново оружје во Сирија. Русија отпочна со ракетни напади врз цели на Исламска држава во Сирија преку нејзините бродови во Каспиското езеро, на оддалеченост од 1.500 километри, објави рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу.
Министерот информира дека четирите воени бродови лансирале 26 ракети од типот море-земја врз вкупно 11 цели, што се во целост уништени.
Судирите следеле по бранот руски воздушни напади. По ова изгледа дека станува збор за координирана офанзива откако русија како сојузник на Башар ал асад на 30-ти септември ја отпочна кампањата во Сирија.