Во близина на аеродромот Флумичино во Рим била се отворила земјата и од дупката излегувала пареа и гасови со чуден мирис. Се уште не е познато за што станува збор.
Од дупката во земјата широка 2 метри излегуваат пареа и гасови со чуден мирис, а сеизмологот Алберто Басиле е загрижен дека би можело да се работи за вулкански активности, кои не се реткост во Италија.
Другата теорија гласи дека би можело да се работи за термален извор, што исто така е честа појава во тоа подрачје.
Една од можностите која се уште се истражува е дека се работи за обична пукната цевка за вода.
За среќа, оваа појава засега не ги загрижува вработените во аеродромот и не претставува опасност, односно целиот сообраќај се одвива несметано.