Гордиот сопственик Мегала го опишал бебето Шива како чудо, додека многумина веруваат дека телето е реинкарнација на Хинду богот Шива кој исто така имал три очи. Телето станало главна атракција во Тамил Наду, јужна Индија, каде што стотици луѓе се собираат да го видат “божеството” и да му се помолат.
Хинду децата го допираат слаткото животинче по главата, верувајќи дека тоа ќе им донесе среќа. Во Хиндуизмот, Шива се смета за еден од основните богови и покровител на јогата и уметноста.