ВИДЕО: Семејството Варелковски секоја година подарува пакетчиња на 500 деца


Вака 100тина дечиња од основното училиште Никола Карев од Крушево го потсетија Дедо Мраз дека го очекуваат во своите домови , пренесува Канал 5.

Тие пак го посетија неговиот дом во Кавадарци. Новогодишната магија веќе 18 години е присутна кај семејството Вареловски. Секоја година  домаќинот Ѓорѓи подарува новогодишни пакетчиња на околу 500 деца во пресрет на празниците. Вели смислата на животот е во тоа да ги направите среќни детските срца.

„ Задоволството е огромно кога дечиња од било кое место од земјата доаѓаат во вашиот двор , ќе го посетат вашиот дом и кога ќе слушнеш детски џагор, мислам дека нема поголемо богатство од тоа. Богатството е во душата на човекот“ – изјави Ѓорѓи Вареловски – домаќин на децатаsemejstvo-verkalovski-630x420

Куќниот двор на семејството Вареловски е како од бајка.

Дизниевите јунаци, плишани играчки, новогодишни декорации и пакетчиња. Ова ги воодушеви децата од Крушево ,  кои на покана на Ѓорѓи беа дел од неговата новогодишна приказна.

Наставниците од Никола Карев велат дека ова е незаборавно искуство не само за децата туку и за нив. Воодушевени од поканата на Вареловски , уверени се дека децата овој ден ќе го паметат долго.

„ Нашите деца од Крушево ретко можат да видат вакво нешто. Благодарни сме му на домаќинот кој овозможи овој ден децата да бидат среќни , бидејќи насмевката на децата значи многу, ако тие се смеат ние уште повеќе“ – изјави Агапи Чункоска – одделенски наставник во ОУ „Никола Карев “  – Крушево

Вареловски среќни што и оваа Нова година во домот се слуша новогодишната песна од убавиот детски глас.

Учениците од Крушево пак , заминаа уште посреќни за да ги дочекаат останатите подароци од Дедо Мраз во своите домови.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1