Лица кои патувале во Австрија и се вратија во нашата држава, не сакаат да останат во групниот карантин на Криволак. Тие велат дека таму нема никакви услови, се жалат на хигиената и велат дека од здрави ќе се испоразболат, објавува skopje1.mk
Еден од нив коментира на видеото дека неможат ниту да се истушираат бидејќи нема услови, а тие четири дена не се бањати. Сите тврдат дека се тестирани за коронавирус повеќе пати и дека се сосема здрави, притоа, уверуваат дека немаат симтоми кои укажуваат дека се болни.
Сместените во карантинот велат дека сакаат дома, а се жалат дека од сите кои пристигнале а биле цела група, само нив ги ставиле во карантин, други пак, ги пуштиле да си одат дома.