ВИДЕО: Снимени последните моменти од падот на хеликоптерот на Коби Брајант


Последните моменти од падот на хеликоптерот на Коби Брајант биле забележани од камера на една куќа која се наоѓа во близина на местото на несреќата, а сопственичка е Рона Ревит, која материјалот го проследила до истражувачите.

Имено, надзорната камера која се наоѓа во домот на Рона Левит ги забележала последните 43 секунди од страшниот лет, пред хеликоптерот да удри во карпа.

На снимката на се гледа самиот пад на леталото, туку само летање на хеликоптерот, работата на моторот и експлозијата која настанала откако удрил.

Времето на настанување на видео-материјалот се поклопува со времето на падот на леталото – 09:45 часот според локално време.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1