Овој прилог е снимен ден по објавата на секс скандалот со директорот и професорката по математика, ученици наводно со мобилен телефон ги снимиле во секс чин во една од канцелариите и видеото го објавија на интернет. По скандалот и директорот и професорката дадоа изјави тврдејќи дека видеото е монтажа.
ВИДЕОТО МОЖЕ ДА ГО ПОГЛЕДНЕТЕ НА СЛЕДНИОТ – ЛИНК
Директорот пак поради срамот си го одзеде животот и сега обвинителството ги бара креаторите на видеото.
Властите немаат намера да отстапат и сакаат пред лицето на правдата да ги донесат и оние за кои се говори дека индиректно го поттикнаа самоубиството на директорот.
Имињата на учесниците во скандалот веќе се познати во Словенија и според „Јутарњи лист“ тоа се Драго Каменик и професорката Мања Мертел. Откако клипот се појави во јавноста, таа е на боледување па не се знае каков ќе биде исходот од страна на врвот на училиштето. Директорот се самоуби а освен со скандалот, со овој чин сега треба да живее и неговото семејство во кое освен сопруга има и син и ќерка.
“Акцијата” наводно е снимена со мобилен телефон од учениците кои потоа ја поставиле на интернет и ја видоа сите: колеги наставници, родители, ученици, студенти, но, исто така, и семејствата на снимените.