Полицијата во Нови Пазар го уапси Е.Д. поради сомнение дека во зграда во бро во центарот на градот се обидел сексуално да злоупотреби девојче од 9 години.
На снимката од надзорните камери, до кои дошла РТВ Нови Пазар, се гледа како мажот го намамува девојчето во зграда, а потоа го нападнал девојчето и тоа некако успеало да му се оттргне на педофилот и да побегне од зградата!
Меѓутоа, потоа тој потполно ноншалантно разговарал по телефон и се спуштил по скалите и ја напуштил зградата.
Да потсетиме, се работи за 38-годишен граѓанин на Нови Пазар, кој, како што напиша мајката на жртвата на социјалните мрежи, го „намамил“ девојчето во влезот на зградата „Бор“ по што и ја кренал јакната и ја допирал по телото.