Играњето со кукли се неизоставен дел од растењето на секое девојче. Но, родителите со право покажуваат загриженост, бидејќи денешните кукли во нереални размери се повеќе наликуваат на старлети и пејачки, отколку на играчки за девојчиња.
Токму тоа било поттик за една мајка од Австралија да ги трансформира куклите кои се популарни меѓу девојчињата и да им подари сосема нов изглед.
Мајката првин им ја извадила шминката со ацетон за лак за нокти, им ја скратило нереално долгата коса, им нацртала нови очи и уста со природни димензии и бои.
Потоа на ред дошло нивното стилизирање, па така куклите кои биле облечени во сценски костими и провокативни фустани добиле удобна облека.