Адвокатот на обвинетата рекол дека Бренда во тој момент не била при себе бидејќи непосредно пред несреќата испола поголема количина на лекови.
Инцидентот се случил во 006 година но адвокатите на обвинетата поднесувале жалби до судот кои се засновале на тврдења дека Бренда во моментот кога ја предизвикала несреќата била непресметлива.
Властите соопштиле дека Бренда Вајт два пати се обидела со автомобил да го прегази поранешниот маж.
Џон Роберт Вајт пред судот изјавил дека кавгата започнала уште во гаражата. Бегајќи меѓу паркираните автомобили, Џон успеал да прескокне бетонската ограда и да побехне во ходникот на деловната зграда, но ни тоа не било доволно да ја попречи разгневената жена и со колата влетала преку стаклената врата и удрила во него.
Брканицата продолжила, а Бренда уште еднаш со автомобилот го удрила Џон.
Одбраната пред судот се изјаснила дека Бренда немала намера да го убие својот поранешен сопруг туку дека инцидентот е резултат на напад на паника и анксиозност од кои патела веќе подолго време и дека тој ден претерала со лековите.