Видео: Се венчавале дури 22 пати на различни светски дестинации!


Алекс Пелинг и Лиса Грент, брачен пар од источен Јоркшир, се венчавале дури 22 пати, и секогаш на различна дестинација во светот и како што изјавуваат планираат да направат уште осум венчавки на егзотични дестинации.

Младите велат дека моментално се заљубени повеќе од било кога.

Меѓу многубројните венчавки ја издвојуваат церемонијата на Хаваите, на езерото во Мичиген, на плажа во Мексико, Хондурас Квебек, а во Лос Анџелес дури и биле маскирани како вампири.

Младоженците велат дека до необичната идеја дошле уште додека ја планирале првата венчавка бидејќи никако не можеле да се одлучат за совршена локација.

Го напуштиле својот дотогашен начин на живот и последиве две години патуваат низ светот.

Веднаш по првата венчавка во Манчестер на која Алекс ја изненадил својата сопруга, парот покренал блог на кој пишуваат за сите свои патувања и необични венчавки, а професионалните фотографи им помогнале да ги документираат своите спомени.

Секако кој сака може да присуствува на некоја од нивните венчавки пријавувајќи се на нивниот блог.

Share Button

Tags: , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1