Видео: Создал нуклеарен реактор во својот подрум


Даг Колтер порано работел за американските разузнавачки агенции, правејќи приемници и други гаџети за процесирање на сигнали. Денес, изолиран од светот на бирократијата, инженерскиот талент го насочува во неговиот дом, каде работи на бројни интересни проекти меѓу кои и нуклеарен реактор.

dagНуклеарниот ректор го има направено сам, што и беше поводот екипата на магазинот Vice да го посети и да сними прилог за него.

Овој нуклеарен реактор, произведува енергија со спојување на атоми, наместо со разградување на истите – нешто што е сон на физичарите и трагачите на чист енергетски извор. Даг тврди дека неговиот реактор направен во домашни услови има потенцијал да биде „светиот грал“ на енергија, и се надева дека некој ден ќе го постигне можеби најважното во ова поле – реакторот да произведува повеќе енергија, од што ќе употребува за да функционира.
Иако досега имало повеќе стремежи за ваква генерација на генератори, реактор што произведува повеќе енергија, од што користи, сега за сега останува како чекор што човештвото треба да го направи во иднина.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1