Избори и во Северна Кореја – задолжително гласање – арно ама има само еден кандидат


Севернокорејскиот диктатор Ким Јонг Ун в недела организира парламентарни избори.

130329_kim_jong_un_reu_605Во медиумите се пропагира изборот од единствената партија, каде за пратеник се кандидира и лидерот Ким Јонг Ун, како сила на едноумното единство.

Парламентот во пракса е тело составено од 687 пратеници кои два пати се состануваат за да го изгласаат државниот буџет, да именуваат нови функционери и да ги спроведуваат одлуките на владејачката работничка партија со која раководи младиот лидер. Изборите во пракса ќе се спроведуваат така што во секоја изборна единица ќе може да се гласа за еден кандидат. Самиот Ким Јонг Ун е кандидиран во планинска област на границата со Кина каде што се кандидирале и неговиот татко и дедо му Ким Ил Сунг.

Гласањето е задолжително за секој полнолетен граѓанин, а резултатите се знаат ден подоцна. Одѕивот на изборите, на кои гласаат нешто помалку од 100 проценти од гласачите, се користи и како попис на населението и проверка на пребеганите жители.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1