Уапсен и шефот на царината во Ново Село – во тек е големата полициска акција


Раководителот на царинската постава на граничниот премин Ново Село, шестмина цариници и петмина граѓани, “паднаа“ во големата полициска акција, која е во тек, пренесува Прес24.

apsenje otpad2Според полициски извори, приведените лица се осомничени дека учествувале во повеќе кривични дела, како што се злоупотреба на службената положба и овластување, криумчарење, фалсификување и употреба на исправа со невистинита содржина.

Од МВР најавуваат претреси и проверки во бутици низ повеќе градови, меѓу кои Штип и Богданци, каде акцијата е веќе во тек.

Целта на оваа акција, која почнала од ГП Ново Село е да се открие и стопира шверцот на текстилна роба од Бугарија и Грција во Македонија.

Повеќе детали се најавени за текот на денот.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1