Педофил од Дебар силувал 14 годишно момче


Педофил од Дебар силувал 14 годишно момче. Силувачот го присилил момчето на обљуба повеќе пати, а гнасниот чин го извршил во близина на ОУ “Братство и единство” во Дебар.

123-11--630x419

Педофилот,  по националност ром бил вработен во јавно претпријатие а со жртвата  се познавале од порано.Момчето било сираче,  се обидувало да се спротистави но силувачот бил посилен, пренесува Канал 5.

 

– Кривичното дело “Силување”  е  извршено во периодот  од 21 до 28 минатиот месец, кога 62 годишниот жител на Дебар извршил повеќе обиди за обљуба врз малолетник на возраст од 14 години. При расчистувањето на овој настан покрај полициските службеници од ПС Дебар вклучени беа и стручни лица од Центарот за социјални работи, изјави м-р Стефан Димоски портпарол на СВР Охрид.

Момчето само го пријавило настанот во дебарската полиција. Врз него бил извршен специјалистички хируршки  преглед при што биле утврдени траги од извршена насила обљуба.

Педофилот  заработи кривична пријава за “Силување” а јавниот  обвинител му одреди мерка притвор во траење од 30 дена.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1