Една жена се одлучила да си го одземе животот со скок од мост во кинескиот град Нанџинг.
За среќа, не успеа во својата намера, бидејќи во последната секунда беше спасена од еден хуман возач на автобус.
Тој кога забележал што се подготвува, молскавично искочил и ја вовлекол во својот автобус. Подоцна стигнала и полицијата.
Жената ја префрлила ногата преку оградата кога возачот ја спречил, јавуваат кинеските медиуми.
Возачот, чие име е Бјан Пенг, стиснал на кочниците со сета сил и излегол од автобусот, брзо ја повлекол жената од оградата, а со помош на еден од минувачите, ја вовлекол во автобусот.
Кинеските медиуми соопштија дека жената имала околу 30-тина години и се обидела да се самоубие со скок во реката Јангцекјанг.