Во Посавина, Босна, ситуацијата се менува од час во час и никој со сигурност не може да каже до кога ќе трае агонијата со која се соочува населението од овој крај. Од една страна се соочуваат со Сава, а од друга седум населени места од општините Домаљевац – Шамац и Орашје кои беа поплавени за неколку часа. Колку е драматична ситуацијата покажува ексклузивната снимка од спасување на бебе со хеликоптер од поплавеното место.