Халид Бешлиќ во својот мотел сместил жртви од поплавите во Босна


Познатиот босански пејач Халид Бешлиќ (60) уште еднаш покажа дека има големо срце кога одлучил да им помогне на своите сограѓани среде  огромните поплави кои деновиве ги зафатија Србија и Босна и Херцеговина.

beslic most miljackaФолк-пејачот е сопственик на мотелот „Бешлиќ“ во Семизовaц, во близина на Сараево. Кога чул  за неволјите во кои се нашле неговите сограѓани тој го повикал својот менаџер и му рекол во мотелот да ги смести луѓето кои биле затечени од поплавите во месноста Сврака. Бешлиќ во моментот е во Шведска, пренесува порталот „Аваз“.

Жителите на ова место биле евакуирани синоќа откако се активирало свлечиште на земјата кое проголтало неколку куќи.

– Сите знаеме дека Халид отсекогаш бил подготвен да им помогне на луѓето на кои имаат потреба. Апелирам до луѓето со добра волја да им донесат основни животни намирници и средства за основна хигиена, бидејќи во мотелот ќе останат уште неколку дена – изјавил менаџерот на Бешлиќ за босанските медиуми.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1