Слободната сириска војска тврди дека го срушиле рускиот хеликоптер кој летал кон планината Туркмен за да им помогне на пилотите откако Турција го сруши нивниот воен авион.
Веста сеуште не е службено потврдена, но медиумите јавуваат дека рускиот хеликоптер кој тргнал во помош бил срушен со ракета.
И медиумите блиски до Асад ја потврдиле оваа информација пишувајќи дека руски хеликоптер морал присилно да слета во градот Латакија, која е под контрола на власта на Башар Ал Асад.
Објавени се и снимки на кои се гледаат двата хеликоптера кои тргнале да ги спасат руските пилоти.Само еден се враќа во Латакија.