ВИДЕО: Стоилов го коригира ЕХФ: Мојата држава е РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА


На официјалната прес-конференција капитенот Стојанче Стоилов покрај тоа што го анализираше денешниот меч испрати „порака“ до портпаролот на ЕФМ.

Вардар беше претставен како шампион на Северна Македонија, по што Столе реагираше и рече:

„Да потенцирам, мојата држава е РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА“.


„Дојдовме тука како аутсајдери, исто како првата година. Полесно е да играш како аутсајдер на Ф4. Има притисок ако си фаворит. Ете, пак успеавме да го освоиме тој трофеј. Имавме психолошка предност со победата над Барселона и тој кам-бек што го имавме. Веспрем беше свесен што можеме, се плашеше малку од нас. Па, потоа се вратија, играа грубо, баш онака, ракометно се однесуваа на терен. Се исплашив лично дека може да се случи исто како претходно во Скопје. Не ни размислувавме за судбината на Вардар, но мислам дека треба да се реши се“, изјави Стоилов.

„Никој во Македонија мислам дека не веруваме во нас. Имавме многу проблеми, тренер, играчи, уфрливме и млади играчи. Не знаевме десет месеци што и како ќе биде. Се беше тешко за нас, но игравме без притсиок. Мислам дека тоа беше клучно, затоа што игравме без притисок. Го направивме невозможното. Сите го дадовме најдоброто од нас за Вардар, ние сме професионалци. Го дадовме најдоброто, па се надевам дека сите се задоволни. Радосни сме што му помогнавме на Вардар и освоивме нов трофеј во ЛШ“, изјави Мораеш.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1