ВИДЕО: Татко се соочи со убиецот на својата ќерка и го нокаутирал среде судница


За малку е избегната страотна тепaчка во еден американски суд откако налутениот татко го нападнал мажот осуден за убиство на неговата тригодишна ќерка.noautt-620x264

Камерите го фатиле клучниот момент во текот на судењето на Џезмин Гордон и нејзиното момче Клифорд Томас, двајцата осудени за смртта на Џамила Смит, кога таткото на девојчето Двејн Смит тргнал кон Томас и го удрил во главата. Полицајците од округот Вејн могу брзо ги разделила мажите кои продолжиле да се пресметуваат и врескаат во судот. Судот го отстранил Смит надвор од судницата и одлучил да не го казни за физичкиот напад.

Џамила Смит починала минатиот октомври откако мајка и ја однела во болницата. Лекарите на нејзиното тело пронашле модринки кои потврдуваат дека детето било жртва на злоставување. Џамила имала повреди на градниот кош и главата, а нејзината смрт е окарктеризирана како убиство.

Џезмин Гордон е осудена на седум до 15 години за убиство како и на 14 до 25 години за злоставување на деца и соучесништво. Двете казни ќе ги отслужи во исто време. Томас е осуден на 4,5 до 15 години затвор за убиство и на една до две години затвор за отпор при апсењето.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1