ВИДЕО: Тинејџер се потпиша на храм во Египет стар 3.500 години


Тинејџерите очигледно сакаат да цртаат по ѕидови и да остваат траги, но еден млад Кинез направи колосална глупост, се потпишал на ѕид на храм во Египет стар три ипол милениуми. Петнаесет годишниот Динг Јанг го оставил својот потпис на ѕидот на храм на една од најстарите цивилизации во светот.
g_kinezpotpis
Тинејџерот кој сакал да биде интересен и напишал „Динг Јанг беше овде“ доби остри критики од целиот свет откако турист го фотографираше неговиот вандалски чин и го постирал на Интернет.
Вознемирени од неопростливиот чин, кинеските блогери ја нападнале страницата на училиштето и го постирале истиот натпис. Неговите родители се под голем притисок, преку локалните медиуми се извинија на египетските власти и народ.
Тие побарале прошка и прашале што можел Динг да направи за да им надомести.
netpres

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1