Видео: Топ места за авантура во 2012


Според „National Geographic“ постојат само девет места во светот кои заслужуваат да се најдат на нивната листа на најдобри места за авантура.

Македонија ја нема, но заљубените во Босна и Херцеговина може да се израдуваат затоа што токму ова е единствената земја од поранешните југословенски републики што се најде на листата на престижниот „National Geographic“.

Скијање и сноубординг на планината Мамут во Калифорнија

Во декември 2010 година планината Мамут, кој се наоѓа на истокот на Сиера Невада, имаше најмногу снег од целата планета, а 28 жичници беа доволни за сите љубители на овој вид рекреација.

Рафинг на реките Брунеу и Џарбиџ во Ајдахо
Нова дестинација за возење по брзи реки дефинитивно е југозападно Ајдахо, во близина на границата на Невада и Орегон. Љубителите на екстремни спортови ќе може да уживаат во предизвиците кои им ги нуди спојувањето на двете реки. Покрај тоа во оваа област може да се пешачи и да се видат 60 видови на ретки птици.

Планински велосипедизам, Босна и Херцеговина
Државата која до неодамна беше позната по војната, сега веќе добива заслуги за тоа што нивните старите планински патишта се користат и се идеални за планински велосипедизам.

Нуркање на брегот на Нингалу, Австралија
Гребенот Нингалу во западна Австралија е исклучително богата област во која има дури 250 видови на корали, 500 видови на риби, зелени желки, но и најголем број на китови во светот.

Сурфање на Тодос Сантос, Мексико
Сместен северозападно од Кабо Сан Лукас на страната на Тихиот океан, мексиканскиот полуостров Баха станува се попознато место за сурферите. Покрај  брановите кои се погодни и за почетници, во ова место ги има најпознатите специјализирани продавници наменети токму за сурферите.

Мустагату, Кина
Мустагата е позната по тоа што и покрај тоа што врвот е на височина од 7.500 метри, сепак е еден од најлесните за искачување. Оваа област е изненадувачки богатата животински свет започнувајќи од снежниот леопард па се до кози.

Истражување на културата на Маите, Белиз
Белиз, кој се наоѓа помеѓу античките градови на Маите – Тикал и Каракола, во текот на целата година е претворен во работилници за учење на техниките на древните маи, а изобилува и со фолклор и астрономијата. Покрај тоа, туристите може да уживаат во пешачење и јавање до древните храмови.

Кајакарење во заливот Нарагансет, Род Ајленд
Со над 600 километри крајбрежје и речиси 2500 километри реки, Род Ајленд е сон за кајакарите, иако до неодамна не му се посветуваше големо внимание на овој спорт. Сепак, времињата се менуваат и маршрутата за кајакарите почна да мапира, а на тој начин и да се олеснат и патувањата и експедициите на љубителите на овој спорт.

Пешачење во Њуфаундленд, Канада
Најисточната пешачка патеки во Северна Америка беше отворена во 2001 година. години и уште тогаш имаше пат долг 217 километри од кој панорамски се гледаат  прекрасните глечери и фјордови.

Share Button

Tags: ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1