,,Џoкер,, го пратил планот од масакарот на својот психијатар, ковертот неотворен


„Џокер“ убиецот неколку дена пред нападот во киното, на својот психијатар му испратил писмо во кое детално му ги најавил своите планови. Сепак ковертот останал неотворен до ден денес.

Џејмс Холс се гони за убиство на 12 и нанесување на тешки повреди на уште 58 луѓе, во масакрот во Денвер, на премиерата на најновото филмско издание на Бетмен. Пакетот кој што наводно го пратил 24 годишниот Холмс останал неотворен речиси цела недела. Полицијата и агентите на ФБИ се повикани во медицинскиот кампус на Универзитетот во Колорадо во понеделникот наутро, поради тоа што психијатарот, кој што е и професор во школото, пријавил дека добил пратка за која што верувал дека му ја пратил осомничениот Холмс, кој го изврши масакрот во петокот.

Се испоставило дека пратката е од друга личност, но со понатамошна истрага на полицијата и ФБИ, утврдиле дека психијатарот добил уште една пратка, на која што повратната адреса била на Холмс. Во него се наоѓале деталите околу тоа како Холмс планира да ги убие луѓето. Во пликото се наоѓале и цртежите на кои што е прикажано што „Џокер“ ќе направи – цртежи и илустрација на масакрот, пренесува Ројтерс. Холмс кој што е уапсен по нападот, прв пат се појави пред судот во понеделникот, а на 30 јули се очекува против него да биде подигнато и обвинувањето.

Share Button

Tags: , , , , ,

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1