Море све по список


Тргнувате на пат – сопругот ви вели спакувај се – а имаш само неколку часа за да се спакуваш себе, него, децата. АМАН БЕ КОЈА ЖЕНА СЕ СПАКУВАЛА ЗА 2 ЧАСА??? И да треба да ме евакуираат нема да успеам, а камо ли овака.

Ма одиме на викенд – ништо не ти треба се враќаме во недела – направи си список ако ти е полесно, вели мажот.

Арно ама секое женско пакување започнува со – Што ако? Што ако врне, што ако е гужва на пат, што ако има комарци……

И почнува пакување – што ако заглавиме на пат – подобро да се спремам уште два три сендвича, нека има за секој случај (ако никој не умрел од нејадење 5 часа)

Што ако по пат нема кај да се купи вода – малку е море литро ќе земам уште 2 литра. А што ако ме заболи глава, море чекај да земам кафетин, аспирин, антибиотици, витамини, нека има незнаеш што може да те снајде.

Ајде сега да се види списокот – што треба? Прво разно – хигиена и слично.

Четка за заби – пута 4, палома, а и влажни марамчиња може да ни се истури нешто во кола, наочари за сонце – мои, негови. Чешел, фен, жилет мој, негов, крема за сунчање, душек, гребла и кофички за децата, три големи пешкири, три мали, фротирка за покривање – што ако нема таму нема да мрзнеме. ( ако е јули и 40 степени) мало перниче за во кола, играчки, постелнина ( што знам каква е таму може е прљава) море да земам и доместос – којзнае кој бил пред нас во тоалетот. Знам дека има продавница таму ама што ако е далеку, зашто да пешачам по сонце кога може од дома да си земам. Средство за комарци – лани лом не направија. Ѓезве за кафе, може нема таму, и чаши – несакам да пијам од никакви си ја сакам оваа мојата. Кафе и шеќер – што ако е затворено во продавница, а и којзнае какво кафе имаат таму.

Доаѓа мажот и прашува – спремна си. Одговор НЕ. А добро што е ова ( покажува на куферот) па тоа е РАЗНО. Хигиена, пешкири и такви работи.

Такви работи? Еј жено ај ти смали го тоа ТВОЕ РАЗНО ПА НЕ ВОЗАМ ШЛЕПЕР.

ДА СМАЛАМ – ОК ! што да смалам, све ми треба, неможе помалку од ова. Чекај да видам. Нему не му требаат наочари и така не ги носи, АУТ, а што ќе му се 4 пара шорцеви доста му се два. АУТ. Книги спремил ко демек ќе чита АУТ, што ќе му е маска за гњурење па не е делфин АУТ. Пена за бричење и жилет – па немора да се бричи два дена – на одмор е – АУТ ( а депилаторот и пеглата за коса требаат секако и остануваат).

Еве спремна сум – а дали ги зема сите мои работи?? Прашува –

Одговор – МА ДА ДРАГИ СВЕ ПО СПИСОК!!!!

Идеја – blog post  Дуда Алапача

Share Button

Tags: ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1