Кога минатиот месец во куќата на Кристијан Лансфорд од Оклахома заѕвонил телефонот, Кристијан не се јавил, затоа што знаел дека неговиот татко повторно има проблеми со законот. И навистина, Шејн Лансфорд бил фатен, овој пат затоа што ограбил старица на гробишта.
Тона Херндон (78) само што го изгубила сопругот со кој била во брак 60 години и се молела крај неговиот гроб кога одеднаш крадец и ја зел торбата во која имала 700 долари.
Кога неговиот син слушнал за инцидентот, се сетил дека неговиот татко неодамна му дал 250 долари да оди на пат со својот бенд.
-Не знаев дали парите се негови или нејзини, но знаев дека морам да и ги дадам, колку силно и да сакав да одам на пат. Размислував дали еден ден ќе завршам како мојот татко- истакна Кристијан кој ја повикал старицата и со неа договорил средба на паркингот на црквата во градот Мур.