На безбедна локација заедно со неговото семејство е префрлен српскиот премиер Александар Вучиќ откако во непосредна близина на неговиот семеен дом е пронајдена поголема количина оружје. Српската полиција го пребарува теренот и е во потрага по информации кои ќе доведат до лицата кои го поставиле оружјето на таа локација.
Според министерот на српското МВР загрижува тоа што оружјето е најдено на стратешка позиција, од каде има чист преглед кон местото каде возилото на премиерот вообичаено врти кон неговиот семеен дом.На триесет метри од куќата е најдена една „зоља“ и автоматско оружје.
Министерот не кажал дали веќе имаат осомничени лица, но додал дека целата ситуација е исклучително загрижувачка.
Информацијата во јавноста ја објави српски „Информер“ од каде соопштија дека освен рачниот минофрлач на местото биле пронајдени и рачни бомби, како и муниција за автоматско оружје.