Видео: Цела полиција пред домот на Вучиќ – го пребарува теренот


На безбедна локација заедно со неговото семејство е префрлен српскиот премиер Александар Вучиќ откако во непосредна близина на неговиот семеен дом е пронајдена поголема количина оружје. Српската полиција го пребарува теренот и е во потрага по информации кои ќе доведат до лицата кои го поставиле оружјето на таа локација.

Според министерот на српското МВР загрижува тоа што оружјето е најдено на стратешка позиција, од каде има чист преглед nebojsa-stefanovic-jajinci-620x350-640x362кон местото каде возилото на премиерот вообичаено врти кон неговиот семеен дом.На триесет метри од куќата е најдена една „зоља“ и автоматско оружје.

Министерот не кажал дали веќе имаат осомничени лица, но додал дека целата ситуација е исклучително загрижувачка.

Информацијата во јавноста ја објави српски „Информер“ од каде соопштија дека освен рачниот минофрлач на местото биле пронајдени и рачни бомби, како и муниција за автоматско оружје.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1