Вучиќ префрлен на сигурна локација – Органите на безбедноста да го заштитат премиерот


Веста дека е пронадено оружје во близина на куќата на претседателот на српската влада Александар Вучиќ предизвика бројни реакции во кои од надлните служби се ара да ги заштитат премиерто и неговото семјество.

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, ги повика сите дрѓавни органи чијашто работа е безбедноста на премиерот и неговото семјество да бидат внимателни со оглед на актиелната екслација на притисокот во земјата.nebojsa-stefanovic-2-640x480

Странските агенции пренесуваат дека премиерот Вучиќ е префрлена на сигурна локација, бидејќи големо количество оружје е пронадено во близина на неговата семејсна куќа.

Како што се наведува во писмената ијава на Дачиќ доставена до медиумите, итно треба да се заврши истрагата за откриениот арсенал, да се уапсат одговорните извршители и налогодавачите.

„На многумина во светот им пречи земјата и нејзниот лидер, кои водат независна политика, не работат во ничиј трет интерес, освен во интерес на Србија. историјата покажува дека тие секогаш лесно наоѓаат српска рака која за нив ќе ја заврши валканата работа“, наведува Дачиќ.

Потпретседателката на Владата Зорана Михајловиќ изрази загриженост за безбедноста на премиерот и побара од полициските и безбедносните слуижби колку што е можно поскоро да ги зинесат фактите за овој настан и да ги заштитат премиерот и неговото семејство.

„Ме исплаши и ме вознемири информацијата дека вечерва во близина на домот на премиерот Александар Вучиќ е пронајдено поголемо количество оружје и муниција. Оваа вест внесе неимр и кај многу граѓани на Србија“, наведува Михајловиќ во соопштението.

„Затоа од надлежните безбедносни и плициски органи очекувам во да сторат се за бидат потполно безбедни премиерот Вучиќ и неговото семејство. Исто така, од наднежните безбедносни и полициски органи очекувам во најкус можен рок пред јавноста да ги изнесат сите детали за овој немил настан за да можат граѓаните да бидат спокојни“, истакнува таа.

Министерот Александар Вулин, исто така, ги повика надлежните служби да одговорат кој го подготвувал убиството на премиерот Александар Вучиќ и додал дека оние кои не се во состојба да и по сите овие години да дадат одговор на тоа и на други прашања треба да се тргнат и да им го отстапат местото на оние кои ќе го сторат тоа.

Потпретседателот на СНС Миленко Јованов изјави дека секоја закан кон премиерот недвосмислено претставува закана на цела Србија и остовремено повика да се подигне нивото на безбедност на претседателот на Владата на Србија.

“Не помина многу време, а се покажа дека Александар Вучиќ беше целосно во право кога велеше дека на Србија ѝ претстои борба за зачувување на стабилноста“, рече Јованов за Танјуг.

Тој оцени и дека денеска, исто така, е јасно дека онеи кои не сакаат стабилност во Србија нема да бираат средства за да ја пстварат целта.

Потпретседателот на СНС Милош Вучевиќ побара да се зголеми нивото на лична безбедност на премиерот и на членовоте на неговото семејство и порача дека власта ќе започне уште поголема пресметка со криминалот и со сите оние кои претставуваат опасност за стабилност ана земјата.

Аналитичарот Мирослав Лазански вели дека за безбедноста на премиерот на Србија и за негово лично обезбедување е задолжена Воската на Србија.

„За безбедноста на премиерот се грижи Военоразузнавачката агенција (ВОА), а припадниците на единицата „Кобри“се грижат за неговата лична безбедност“”, прецизира Лазански за Танјуг.

Во близина на семејниот дом на премиерот на Србија во Јајинц, околу 16 часот, беше пронајдено поголемо количество оружје и муниција, меѓу кое и една зоља.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1