Српската пејачка Светлана Цеца Ржњатовиќ одржа концерт во Лондон, прв во нејзината кариера.
Според присутните на концертот таа направила незаборавна атмосфера, а на видео снимките се гледа како Цеца на бината покрај со српското, мавта и со македонското знаме.
Таа ги испеа најголемите свои хитови, а публиката, во која имаше луѓе од цела поранешна Југославија, пееја во ист глас со неа.
За овој концерт Британците ѝ платија на српската пејачка 50.000 евра.