Кениската полиција уапсила маратонец кој со измама ја заврши трката како втор на интернационалниот маратон во Најроби.
Полицијата и официјалните лица на трката соопштиле дека 28-годишниот Џулијус Њогу се сокрил меѓу гледачите, а во близина на целта се придружил кон водечките маратонци.
Њогу во спринтерски финиш го завршил маратонот како втор, а за тој „успех“ требало да осои награда од седум илјади долари, но во меѓувреме е фатен и дисквалификуван.
Официјалните лица од трката соопштиле дека им било сомнително што кај Њогу не виделе никакви знаци на замор, а натпреварувачот не бил ниту испотен.
Малку подоцна било утврдено дека Њогу трчал само еден километар пред да стигне до целта.