Мелиса Маргарита Калдерон Оједа (30) со прекар „Ла Чина“ e една од најопасните жени во светот. Женаta убиец која се терети за повеќе од 150 убиства, а била член и водач на мексички картел кој броел 300 луѓе, уапсена е откако на властите ја предало нејзиното момче и заменик на „организацијата“.
Нејзиниот љубовник Хектор Камарена Гомез со прекар „Ел Чино“ ја предал во замена за помала казна. Тој ја одвел полицијата до масовната гробница во која се наоѓале нејзините жртви.
Ла Чина со криминал започнала да се занимава пред десет години откако почнала да се забавува со член на картелот и набрзо успеала да се искачи на тронот на оваа мафија која е главен добавувач на хероин и метамфетамин во САД.