Абделхамид Абауд, човекот за кој се верува дека стои зад терористичките напади во париз, во кои загинаа најмалку 129 лица, убиен е во Сен Дени, јави Вашингтон Пост.
Според весникот, два високи разузнавачки офицери потврдиле дека познатиот милитант од Исламска држава е убиен за време на операцијата во париското предградие.
Две лица, за кои се верува дека се Абделхамид Абауд и Салах Абдеслам, загинале во станот во кој се криеле терористите откако жена-самоубиец го активираше експлозивот на нејзиниот појас.
Во акцијата што следуваше уапсени се пет лица, меѓу кои и една жена, а повредени се петмина полицајци.
Абауд е роден во Белгија и израснал во бриселската населба Моленбек, која се смета за легло на радикални исламисти.
Франсоа Молин потврди дека Абуд сигурно не е помеѓу осумината уапсени, но дека се уште се чека на идентификацијата на телата на загинатите од експлозијата во стан во Сент Денис.