Времето денес сонце и до 24 степени – викендов ќе падне и снег


Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб јужен ветер. По одделни котлини ќе има појава на слаба утринска магла.

Температурата ќе се движи од 17 до 24 степени.oblaci i sonce nacrtano

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб јужен ветер. По одделни котлини ќе има појава на слаба утринска магла.

Температурата ќе достигне до 20 степени.

До петок ќе преовладува релативно топло и стабилно време, по одделни котлини со слаба утринска магла.

Во сабота и недела ќе дува умерен до засилен јужен ветер. Во недела ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено повеќе ќе бидат застапени во северозападните и западните делови, каде на повисоките планини ќе има услови за повремени врнежи од снег.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1