Видео: Убиецот со ангелско лице: 12 годишно момче осудено за убиство


Додека поголемиот дел од неговите врсници се смеат со пријателите и немаат поголема грижа од училиштето, Пол Џинџериќ живее потполно различен живот.

deteubiecЖивотот на 12 годишниот Пол во април 2010 се претвори во пекол, кога детето, чиј најголем грев била несработената домашна задача, стана убиец. Ова момче од Индијана е осудено на 25 години затвор поради соучество во убиството на очувот на својот другар.

Страшната трагедија која му го уништила животот се случила во 2010 година кога Пол и неговите двајца другари Колт Ленди (15) и Чејс Вилијамс (12) се договориле да побегнат во Аризона. Ленди рекол дека очувот тоа нема да му го дозволи и дека ќе мора да го убијат пред заминувањето. Тој му дал на Пол наполнет пиштол, а потоа децата се упатиле кон куќата. Чејс Вилиамс се исплашил и останал напред. Кога Колт влегол во собата каде седел неговиот очув, веднаш пукал во него, по што и Пол пукал.

Се исплашив од пукањето на Колт, ги затворив очите, почнав да се вртам и да пукам, им раскажал Пол на полицајците.

Тоа што овој страшен случај особено го издвојува е тоа што на Пол му е судено како на возрасен човек и нема да може да излезе на слобода пред неговата 37 година.

deteubiec2

Неговите родители велат дека не бегаат од вината на својот син и дека тој не е жртва, туку убиениот Фил Данер, но дека е неверојатно на дете да му се суди како на возрасна личност.

Ако го ставиш детето со возрасни, не можеш да очекуваш дека нема да се „извалка“, рекол таткото на Пол.

Denesen.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1