Најсмешни изговори за отсуство од работа – што се нема да чуете


Кои се изговорите кои ги користат луѓето, за да го избегнат доаѓањето на работа, е прашањето кои многумина ги интересира.

petok rabotaМеѓу понудените изговори се и некои бизарни како „Конзерва грав ми падна врз прстот“, „Сопирачките на автомобилот се расипаа па автомобилот удри во бандера“, „Кучето ми има напади на паника и не можам да го оставам само“.

Еден работник рекол дека не можел да дојде на работа затоа што има клинец во устата, а друг затоа што мајка му починала. По втор пат.

Истражување спроведено во САД открива дека дури 60 отсто од шефовите не им веруваат на вработените кога само ќе им кажат дека не им е добро. Затоа не ни чудат ваквите резултати.

Еве уште неколку генијални изговори:

– Прстот ми се заглави во кадата.

– Пребрзо пливав и удрив во работ на базенот.

– Ме изгризаа инсекти.

– Ми почина миленичето.

– Бев буден цела ноќ.

– Се изгорев.

– Кучето ми ги изеде чевлите.

– Рипчето ми е болно.

– Девојката ме удри таму доле.

– Се напив и сега незнам каде сум.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1