Видео: Учителки за нозе влечеле слепо дете


Две учителки би можеле да се соочат со обвинение за злоставување, откако школото во кое биле вработени во јавноста прикажа видео снимено од надзорните камери, на кое јасно се гледа како шест годишно дете било влечено за нозете по школските ходници.

Спорното видео прикажува како едната учителка од основното школо во Санта Фуе го влече по школксите ходници слепото дете, држејќи го за глуждот. Наскоро и се придружва уште нејзина колешка, а веднаш зад нив се движи уште еден учител.
Учителката на полицијата и соопштила дека момчето не сакало да отиде во друга училнца, па морала на овој начин да го одвлече. Портпаролката на полицијата изјавила дека дотичната учителка, веќе долг период работи со слепото дете и дека и двајцата имале одлични односи.
„Не веруваме дека сакала да го повреди, но проблем е во тоа што очигледно ја занемерила безбедноста на момчето“, вели портпаролката Андреа Добинс.
Детето по овој инцидент се пожалило на силна главоболка, но наводно нема никакви други повреди. Двете учителки би можеле да се најдат пред судот за злоставување на момчето, а третиот учител би можел да биде казнет, затоа што не го пријавил инцидентот.

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1