Руските информативни канали ја прикажуваат сателетската снимка направена како што велат од американски или британски шпионски сателит, која според руските медиуми покажува дека малезискиот патнички авион боинг -777 е урнат од украински воен ловец .
Малезискиот патнички авион патуваше на линијата Амстердам-Куала Лумпур и по неговото уривање загинаа сите патници и екипажот.
Најпрвин во боингот на Малезија ерлајнс било пукано со митралез од авионот, а потоа кокпитот бил погоден со ракета воздух-воздух, додека десниот мотор и десното крило биле погодени со ракета наведувана од топлина, пренесува руската агенција Тасс.