ВИДЕО: Вака изгледа Елбасан пред мечот со Србија – Одигрувањето под знак прашалник


Претставниците на фудбалскиот сојуз на Србија ја разгледуваат можноста мечот со Албанија да не се одигра, доколку биде загрозена безбедноста на фудбалерите.elbasan-ulici-500

Градот каде ќе се одигра мечот помеѓу Албанија и Србија е под опсада од локалните навивачи, но и од Албанци од Косово и дијаспората.

Овој меч за нив е многу значаен, па уште вчера почнале да ја подгреваат атмосферата.

Автобусот со кој патувале репрезентативците на Србија синоќа бил каменуван во Тирана. Инцидентот се случил на патот од аеродромот до хотелот, каде српската репрезентација ќе биде сместена до заминувањето во Елбасан, каде ќе се одигра мечот против Албанија во рамките од квалификациите за пласман на ЕП.

Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Србија, Томислав Караџиќ остро реагираше на вчерашниот инцидент.

Караџиќ за српските медиуми изјави дека сите репрезентативци се добро и дека нема повредени, но потенцира дека по ваквиот инцидент доведено е во прашање одигрувањето на натпреварот.

На самото место пристигнал и првиот човек на полицијата во Тирана кој на српските претставници им дал гаранција дека такво нешто нема да се повтори.

Репрезентацијата на Србија денеска од Тирана треба да замине за Елбасан, град оддалечен 50 километри, каде вечер од 20:45 часот ќе го игра натпреварот со Албанија во квалификациите за ЕП 2016.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1