Можете да имате врвен автомобил, но во услови на снег, без прикладни зимски гуми, од истиот можете да направите само луксузна и скапа санка.Летните гуми, ги губат своите својства на температури под 7 степени Целзиусови. Според тоа, зимската гума не е наменета само за снег, туку и за температури на воздухот под 7-иот степен.
Законските одредби викаат вака: во периодот од 15 ноември до 15 март идната година, задолжително треба да се поседува пропишаната зимска опрема при учество во сообраќај надвор од населено место.
Задолжителна зимска опрема на моторни возила со најголема дозволена маса која не надминува 3.500 kg претставува:
– Зимски пневматици на сите тркала со минимална длабочина на шарата од 4mm или доколку возилото поседува летни пневматици со минимална длабочина на шарата од 4mm да поседува синџири за снег кои одговараат на големината на погонските тркала.
Дали знаете која е разликата помеѓу гумите со симболи “три планински врвови со снег” и “М+S”?
возачите да бидат внимателни кога купуваат зимски пневматици на старо и да водат сметка гумите да имаат знак на снегулка на стилизирана планина со три врва за да не им продадат летни гуми. Зимски пневматици се оние пневматици кои на својата бочна страна имаат ознака: MS, M+S, MиS и знак на снегулка на стилизирана планина со три врва.
Имено, “трите планински врвови со снег” се токму она што Ви треба. Овие пневматици се тестирани за користење во тешки зимски услови.
Понатаму, ознаката “М+S” значи “Кал + Снег”.
Овие гуми се тестирани на услови на кал, како и тврд или кашест снег. Затоа, некои од овие пневматици се продаваат и како погодни за сите сезони, а тоа значи ниту врвни перформанси во летни, ниту во зимски услови.