Во амазонската прашума снимени се припадници на изолирано племе кое никогаш немало контакти со остатокот од светот.
Членовите на ФУНАИ со камера во прашумите успеале да забележат припадници од ова „изгубено племе“ со лакови и стрели.
Експертите утврдиле дека се работи за девет припадници на номадската заедница Кавахир, која живее на подрачјето на прашумата која бразилските власти ја резервирале за домородците, и се наоѓа на 200 километри оддалечена од најблиската населба.
Со закон е забрането влегување во нивното подрачје, со исклучок на посматрачите на бразилската национална фондација за Индијанци (ФУНАИ), кои водат сметка никој да не ги вознемирува припадниците на племето.