Купувачите останале шокирани кога отишле да купат месо и виделе како месарот го риба месото со четка за чистење кондури.
Во локална месара во градчето Артавија во Египет работникот упорно го ,,рибал,, месото кога купувачите влегле во месарата. Оправдувањето на месарот било дека тоа било шега и на тој начин сакал всушност да им покаже на купувачите дека кај него месото е чисто и свежо измиено за да привлече поголем број муштерии, објави Emirates247.com
Но неговиот потег имал контраефект кога згрозен муштерија го снимил и објавил видеото како месарот ги крши правилата за хигиена.
,, никогаш повеќе нема да купам месо од оваа месара,, рекол згрозениот муштерија.