Огромен подземен комплекс полн со доселеници е откриен вчера во Москва, при што се уапсени околу 200 емигранти, повеќето од Сентрална Азија, пренесува Ен Би Си.
Видеото кое го објави полицијата покажува дека станува збор за посебен свет со соби, работни маси, и машини за шиење, кафуле, кантина, па дури и казино.
До 2009 година тоа беше трговскиот центар Черкизовски, но тогаш е затворен.
Центарот привлече бројни доселеници во потрага по работа. Москва привлекува милиони емигранти од државите од поранешниот Советски Сојуз кои се борат со сиромаштијата по распадот на СССР во 1991 година.
Девет милиони доселеници влегоа во Русија во 2011 година.
Работниците доселеници често се вработуваат на слабо платени работни места, стануваат жртви на лоши животни услови, полициски рации и напади од страна на руските националисти.