ВИДЕО: Во одморалиштето „Албена“ евакуирани 1.200 туристи


Околу 1200 туристи во Албена се евакуирани од хотели лоцирани во близина на резерватот Балта поради поројните дождови и надојдената вода од реката Батовска, соопштија од туристичкиот комплекс.

Гостите се сместени во други хотели во туристичкиот комплекс, кои не се погодени од тешките временски услови кои ја зафатија Бугарија во последните 24 часа, пишуваат бугарските медиуми, пренесува Фактор.

albena-hotel-564x272

Нема настрадани гости. „Останав со впечаток дека туристите ја прифаќаат ситуацијата како објективна вистина. Пред нив е реката, водата, ги гледаат дождовите. Не можам да кажам дека луѓето се задоволни и среќни, но не можам да кажам дека ќе си заминат со едно исклучително негативно чувство од Бугарија“, рече на прес-конференција извршниот директор на компанијата Красимир Станев.

Најпогоден од поројните дождови е хотелот „Гергана“ а водата однесе дел од фоајето на рецепцијата.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1