ВИДЕО: Во ова село сите имаат продадено по еден бубрег


Објаснето им е дека можат да функционираат и со еден бубрег, при тоа им нудат пари и им ветуваат дека на местото на извадениот ќе им порасен нов бубрег.

Органите им ги вадат во болница.bbb

Во селото Хокса во Непал, познато и како “долина на бубрезите“ речиси секој жител седнал „под нож“ и му бил изваден бубрег, за кој му биле дадени пари.

Имено, во селото доаѓаат агенти кои ги уверуваат мештаните дека можат д аживеат со еден бубрег и дека со време на местото на извадениот ќе им никне нов…

Гета, мајка на 4 деца, го продала својот бубрег за 2000 долари.

-Веќе 10 години луѓето доаѓаат во нашето село и не убедуваат да ги продадеме органите. Јас секогаш им велев не, но нашето семејство стануваше се поголемо и ние сакавме да си купиме куќа, објаснува таа.

Кога ги добивме децата, раскажува таа, нам ни требаше куќа, тогаш таа решила да замине за Индија и да го продаде својот бубрег.

-Кога се разбудив по операцијата, чувствував како ништо да не ми се случило. Ги добив парите и си купив куќа, додава таа.

За жал, нејзината нова куќа била рушена од земјотрес, а по земјотресот во целата држава се зголемил бројот на луѓе кои си ги продаваат своите органи.

 

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1