Видео: Возачот извлечен од камионската кабина која висеше над реката Морава во Србија


Возачот на камионот кој висеше над реката Морава во Србија, безбедно е извлечен од кабината, без повреди, но е хоспитализиран во најблиската болница заради превентивни прегледи и претрпениот стрес.

Возачот изгубил контрола над камионот заради замрзнатиот автопат , по што ја пробил оградата на мостот над реката Велика Морава, во реонот меѓу Ќуприја и Јагодина.

Тој три часа висел над реката заробен во возачката кабина. Сега ќе се извлекува камионот, но постои опасност тој да се урне во реката.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1