Алок Кумар од селото Манпур во Индија се враќал од нива кога ги чул криците на девојката. Она што го открил го шокирало!
Тој го следел морничавиот звук додека не дошол до местото каде тлото се поместувало пред неговите очи. Сватил дека некој се обидува да си го ископа патот од гробот.
Кумар почнал да копа и затекнал девојче во полу свесна состојба.
Петгодишната Тану имала знаци на давење на вратот, а кога дошла при себе рекла дека е од селото Семри Гаура во кое живеела со својата мајка Рену Авашти.
Од куќата ја однеле вујкото и вујната, кои наводно пробале да ја задават.
Детето и мајката исчезнале на 20. август. Полицијата трага по нејзината мајка, а малата Тану се опоравува после отпуштањето од болница.
Press24