Видео Заев: Обвинителството признаа дека не постои поткуп – бара да се објави снимката цела


Соочен со сопствениот очај, со цел да ја спаси својата кожа, Никола Груевски повторно ги крши Уставот и законите. Денес сме сведоци на уште едно незаконско објавување на дел од снимка добиена како посебна истражна мерка. Оваа снимка единствено можела да протече во јавноста од Јавното обвинителство или МВР“, вели Зоран Заев на денешната прес конференција за медиумите.zaev

„Со овој потег, Никола Груевски признава дека нема никаков аргумент во случајот за поткуп. Со овој потег, Никола Груевски ја искомпромитира оваа снимка и таа повеќе не може да се користи во конструинираната судската постапка.

Јас немам што да кријам и затоа барам снимката да биде објавена во целост. Од овие причини, го повикуваме Јавното обвинителство ВЕДНАШ да ја објави целосната снимка. На неа ќе се види дека средствата за кои станува збор се однесуваат за градежни материјали за изградба на црквата бетон, железо и други градежни материјали“, додава тој.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1