Медицинскиот персонал во болниците во Минхен е повикан вонредно на работа по наредба на локалните власти заради можноста да бидат прифатени голем број повредени од нападот во трговскиот центар „Олимпија“, јави ДПА.
Причината за нападот сè уште е непозната иако претходно полицијата соопшти дека најверојатно станува збор за терористички напад.
Former head of National Counter-Terrorism Security Officer Chris Phillips on the current #Munich police operation https://t.co/pZbr2vuxBX
— Sky News (@SkyNews) July 22, 2016
Минхенската полиција соопшти дека градот се наоѓа во „жестока состојба на терор“. Тие побараа од луѓето да се воздржат од поставување снимки од нападот во трговскиот центар.